
Ѕвезда на порно-сајт има поголема годишна плата од – Ерлинг Халанд!
Норвешката фудбалска ѕвезда Ерлинг Халанд, кој настапува за Манчестер Сити, има годишна плата од 28 милиони фунти, а неговиот труд, дисциплина и настапи на највисоко ниво дополнително му носат околу 55.000 фунти по објава на социјалните мрежи. Од другата страна, пак, инфлуенсерката и модел Софи Рејн, позната по својата активност на порно-сајтот „Онлифанс“, заработува околу 34 милиони фунти годишно, а нејзините објави ѝ носат и до 87.000 фунти.
Разликата предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, каде корисниците дебатираат за тоа како забавната (порнографска) индустрија и дигиталните платформи денес често ги надминуваат традиционалните професии, дури и оние на највисоко ниво како професионалниот спорт. Експертите за медиуми укажуваат дека платформите како Онлифанс, Инстаграм и Тик Ток создадоа целосно нова економија базирана на директна интеракција со публиката.
„Моделот на заработка се промени — денес секој со голема база на следбеници може да стане бренд сам за себе“, објаснува медиумскиот аналитичар Џејмс Халпер.
Онлифанс е основана во 2016 година и има повеќе од 220 милиони регистрирани корисници и околу три милиони креатори на содржина. Компанијата пријавила приходи од над милијарда долари во 2023 година, што ја прави еден од најпрофитабилните модели во дигиталниот свет. Од другата страна, Премиер лигата, каде што настапува Халанд, генерира годишни приходи над шест милијарди фунти, но тие се распределуваат меѓу клубови, играчи, спонзори и даноци — што го прави индивидуалниот приход далеку поконтролиран и регулиран.