Петрушев блескаше, Дубаи ја сруши Барселона!

Кошаркарите на Дубаи предводени од Филип Петрушев ја совладаа Барселона во Евролигата со 83-78 и така го запишаа третиот триумф од почетокот на сезоната.

Дубаи подобро тргна во натпреварот и многу бзо дојде до до двоцифрена разлика, а по првиот период на семафорот стоеше (24-15).

Барселона заигра подобро во втората чевртина, па така го сврте резултот за прво водство во натпреварот (26-28). Со предност каталонскиот гигант замина и на паузата, но таа беше минимала (33-34).

Третиот период донесе неизвесна битка во која двете екипи на неколку пати ја менуваа предноста. Дубаи на крајот успеа во одлучувачкиот период да влезе со водство од 58-56.

Натпреварот беше решен во завршницата кога Дубаи прикажа подобра игра, посебно се истакна Петрушев кој беше и најефикасен завршувајќи го натпреварот со 23 поени и осум скокови. Зад него следеше Бекон со 20 поени, додека за Барселона по 19 постигнаа Шангелија и Брузиела.

Фото: Dubai Basketball Club