
„Мбапе се вози со Пежо 206 за да го чувствува нормалниот живот“!
На настан во Париз, мајката на Мбапе, Фаиза Ламари зборуваше за животот на нејзиниот син.
„Тој знае да се вози во Пежо 206 само за да види како изгледа нормалниот живот. Тој веќе не може да оди по улица како нормален човек. Тоа ме прави тажна“, вели Фаиза Ламари.
„Разговарав со него минатата година кога работите не одеа добро. Го прашав дали сака девојка, тој ми одговори: „Гледаш ли жена во овој хаос“.
Минатата година имаше и гласини за наводен сексуален напад на Мбапе врз девојка во Шведска.
„Иако му верував на Килијан, сепак одлучив да го прашам дирекно, дали го направил тоа. Тој ми одговори: „Дали си луда?“ Тоа беше единственото патување што не го организиравме... и затоа ја плативме цената“.