
Перез со ултиматум до една од ѕвездите: Ако не потпише нов договор, ќе „лета“ од Реал Мадрид!
Рудигер засега нема донесено одлука за иднината, иако има договор со „кралевите“ до јуни 2026 година, а засега не сака да потпише нова соработка со шпанскиот гигант.
Претседателот на Реал Мадрид разговарал со Рудигер и наводно му поставил ултиматум дека мора до март да потпише нов договор.
Доколку германскиот репрезентативец одбие да направи такво нешто, тогаш „кралевите“ ќе се повлечат од преговорите, а тоа ќе значи дека Рудигер дефинитивно заминува следното лето.