
Хрватска ја оствари целта во Прага, историска победа на Австрија (ВИДЕО)
Досегашниот најголем триумф на Австријците беше 9-0 против Малта, остварен во 1977 година, но вечерва избраниците на Ралф Рангник му се истурија на еден од најголемите аутсајдери во светскиот фудбал. Блескаше Марко Арнаутовиќ кој постигна четири гола и со нив стана најдобар стрелец во историјата на австриската репрезентација со 45, еден повеќе од досегашниот рекордер Тони Полстер.
Два пати противничката мрежа ја погоди Пош, а по еднаш погодија Шмид, Грегорич, Лејмер и Вурмбранд.
Во дербито на вечерта, Чешка и Хрватска во Прага одиграа без голови и тоа е резултат што комплетно им одговара на „коцкестите“. Бронзената селекција од последниот Мундијал остана на првото место во својата група со 13 бода, колку што има и Чешка, но со натпревар помалку. Со оглед на тоа што Хрватите славеа со 5-1 во првиот меѓусебен дуел во квалификациите, само чудо може да ги оневозможи да се пласираат на ново Светско првенство.
Исклучително интересно вечерва беше и на Кипар каде домашната селекција и БиХ одиграа 2-2. Босанците водеа со 2-0, до 96. минута беше 2-1, но Кипар постигна гол од пенал и ѝ откина мошне важни два бода на БиХ.