Руни знае што е проблемот со Салах - скапите трансфери на Ливерпул!

Легендата на Манчестер јунајтед, Вејн Руни го критикуваше Мохамед Салах поради неговата работна етика во поразот на Ливерпул од Челси во дербито на Премиер лигата.

Руни истакна и дека капитенот на „црвените“, Вирџил Ван Дајк би требало да поразговара со Салах. Салах на пет од седум натпревари во Премиер лигата не успеа да постигне гол, а актуелните шампиони го доживеаа и третиот пораз во една недела.

Легендата на Манчестер јунајтед смета дека Салах не помага во одбраната, додавајќи дека трансферите на Исак и Вирц можеби за кои Ливерпул потроши над 240 милиони евра претставувале удар на неговото его.

„Со фудбалери како Исак и Вирц, па и Екитике и парите кои се потрошени за нив можеби е повредено егото на Салах. Големите фудбалери имаат его, Салах долго беше еден од најдобрите во Премиер лигата. Од она што го видов во изминатата недела и во прашање би ја довел неговата работна етика. Знам дека не се враќа секогаш назад, но против Челси воопшто не помагаше и на бековите им беше многу тешко, додека тој само гледаше. Ван Дајк како капитен би требало да разговара и да му каже дека мора да помага“, заклучи Руни.