Грчевски го објави списокот со ракометарки - пола од нив се од странство!

Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски денеска го објави скратениот список со ракометарки за дуелите против Германија и Словенија, кои се играат во рамки на квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2026 година.

Првичниот список од 35 ракометарки беше скратен на само 20 репрезентативки, од кои половина играат во странски екипи, додека останатите се од домашното првенство.

Македонија го игра првиот меч на гости кај Германија на 16 октомври, а три дена подоцна ќе ја пречека Словенија.

Фото: РФМ