Родриго го загубил трпението, разговарал и со Алонсо

Сагата околу можното заминување на Бразилецот, Родриго од редовите на Реал Мадрид продолжи и по завршувањето на летниот преоден рок.

Бразилецот на почетокот од сезоната добива минимална минутажа од тренерот Алонсо, поради што како што стојат работите изгледа веќе донел одлука.

Шпанските медуми пренесуваат дека веќе разговарал со тренерот и јасно му порачал дека сака да замине. Родриго најголем дел од стартот на сезоната го помина клупата. Во стартниот тим беше само двапати, но и тогаш беше замеенет околу 60-тата минута. Исто така и неговиот учинок на теренот е скромен, запиша само една асистенција и тоа во убедливиот триумф над Каират од 5-0 кога победникот веќе беше решен.

Како нова можна дестинација се споменува Премиер лигата од каде што Арсенал, Ливерпул и Манчестер сити покажаа интерес, за фаворит важи Манчесер сити. Во текот на летото Родриго беше блиску до преселба кај Пеп кој наводно му ветувал статус на првотимец, сепак остана да се бори за своето место во Мадрид.

Фото: Real Madrid FC