Прилеп ја демолира Струга за трет триумф во Суперлигата

Ракометарите на Прилеп успеаја да триумфираат против Струга со 34-27 во шестото коло од македонската Суперлига.

Струга беше одлична на стартот на натпреварот и имаше предност од 8-6, по што Прилеп успеа да ја врати негативата и набрзо да израмни на 8-8, а потоа и да ја преземе контролата за да го добие првиот дел со 18-11.

Прилеп продолжи во исто темпо и во второто полувреме, додека Струга се мачеше, па на крајот триумфира домашниот тим со 34-27.

По шест одиграни кола, Прилеп е на шестата позиција со шест бодови, додека Струга е претпоследна со два поени.

Фото: Рк Прилеп 2010