Проблеми за Барселона и Шпанија: Повторно се повреди Јамал!

Селекторот на Шпанија, Луис Де Ла Фуенте го повика Ламин Јамал за дуелите од квалификациите за Мундијалот, но неколку часа подоцна пристигна лоша вест од Барселона, а тоа е дека талентираниот фудбалер се повредил.

Јамал повторно почувствувал болка во препоните и ќе мора да го пропушти дербито против Севилја во осмото коло од Ла Лига, а исто така не е познато дали ќе настапи и против Жирона и Олимпијакос во следниот период.

Каталонците објавија дека младата ѕвезда ќе биде надвор од терените околу три недели, а тоа значи дека ќе ги пропушти и квалификациските дуели на Шпанија против Грузија и Бугарија.

Ѕвездата на Барселона претходно не настапи против Валенсија, Хетафе, Њукасл и Овиедо поради проблеми со препоните.

Фото: Facebook/FC Barcelona