Затоа се најголеми во свет: Тејлор Свифт на новиот албум пее за - Реал Мадрид!

Најпопуларната пејачка во светот, Американката Тејлор Свифт го претстави новиот албум кој е составен од 12 песни, а интересно е тоа што во една од своите песни го споменува шпанскиот гигант Реал Мадрид.

Некои од песните се за нејзиниот однос со НФЛ-ѕвездата, Трејвис Келси, иако тоа не е единствено нешто што е поврзано со светот на спортот. Во една од песните, Свифт го споменува и шпанскиот клуб.

„Тие ја сакаат таа слобода, живот надвор од системот. Тие ги сакаат трите кучиња што ги викаат свои деца. Тие сакаат сè. Тие сакаат договор со Реал Мадрид.“, пее Свифт во нејзината песна која може да се слушне ТУКА.

Пејачката во песната споменува „договор со Реал Мадрид“ како метафора, односно го споредува со нешто што е престижно и посакувано, т.е. нешто за кое што луѓето сонуваат/