Србин кој играл за Наполи и Ц. Звезда потпиша за - хрватски третолигаш!

Поранешниот српски репрезентативец Никола Максимовиќ, кој некогаш вредеше 18 милиони евра и играше за Наполи и Црвена Звезда, направи трансфер во хрватскиот третолигаш Кустошија и ги изненади сите со неговиот потег.

Максимовиќ во кариерата играше за Ц. Звезда, Наполи, Торино, Џенова, Спартак Москва, а од 1 јули беше слободен агент откако му заврши договорот со француски Монпелје, па сега реши да се пресели во Хрватска.

Искусниот Србин стави потпис на едногодишна соработка со Кустошија и треба да остане во хрватскиот третолигаш до крајот на сезоната.

Кустошија по шест одиграни кола има освоено 11 бодови и се наоѓа на петтата позиција во лигата.