
Аце Станковски го напушти кормилото на Куманово
Кормилото на Куманово ќе го преземе Љубиша Димковски, кој во минатата сезона го предводеше тимот до опстанок во македонската елита.
„МРК Куманово му се заблагодарува на Аце Станковски на досегашната соработка и негов ангажман и му посакува среќа и успех во неговата понатамошна професионална кариера и работа“, соопштија од суперлигашот.
Куманово по пет одиграни кола во лигата има четири порази и една победа, односно се наоѓа на деветтата позиција со два освоени поени.
Фото: МРК Куманово