Шок за фановите: Србите нема да продаваат билети за мечот против Албанија!

Репрезентацијата на Србија на 11 октомври ќе игра натпревар во Лесковац против селекцијата на Албанија, а пред овој натпревар од Фудбалскиот сојуз на нашиот северен сосед пристигна одлука која ги шокираше навивачите.

Имено, денеска на навивачите во Србија им беше соопштено дека билети во слободна продажба за овој натпревар нема да има пуштено.

Како што е наведено на веб-страницата на Фудбалскиот сојуз на Србија, присуството на трибините ќе биде обезбедено преку распределба на влезници на фудбалската заедница, преку дистрибуција до регионалните сојузи, клубовите, учениците од фудбалските школи и нивна родителска придружба, стручни фудбалски организации, официјалните спонзори и гости на ФСС, акредитирани претставници на медиумите, како и медицински и други екипи неопходни за реализација на натпреварот.

Исто така се наведува дека на влезниците ќе биде персонализирани и при влезот ќе се проверува лични документи со цел да се избегнат проблеми.