
Шкендија не е без шанси за нокаут фаза, четири екипи се зад тетовци!
По овој натпревар се натправија и првите пресметки за шансите на екипите за место во плеј-офот и следната фаза. Иако, Шкендија загуби, сепак според направената статисстика од „Фудбал Метс Дата“ не е без шанси.
Имено, на Шкендија ѝ се даваат 1% шанси за место помеѓу најдобрите осум со што директно би оделе во нокаут фазата и 28% шанси да бидат од осмата до 24 позиција, места кои носат во плеј-офот.
Исти бројки има и ирскиот Шелбурн, додека зад Шкендија од 33-та до 36 позиција се екипите на Хамрун Спартанс, Бреидаблик, Абердин и Линколн.
На врвот со најмногу шанси се: Кристал Палас, Расинг, Шахтјор, Мајнц, Рајо Ваљекано, Фиорентина, Спарта Прага и Лех Позњан.