Потрес на Островот: Судија осуден на 13 ипол години затворска казна

Голем скандал го погоди англискиот фудбал откако на 13 ипол годишна затворска казна беше осуден поранешниот фудбалски судија Герет Викарс.

Викарс е осуден поради секскуално злостатвување на три малолетнички од судот во Снаерсбрук. Девојчиња кои биле жртви на Викарс имале по 15 години.

Пред судот во својот исказ Викарс ја призна вината, а беше обвинет за: Сексуална комуникација со дете, состанок со дете поради сексуални намери, наведување или поттикнување на дете на сексуална активност и извршување сексуален чин со дете.

Делата судијата ги направил во период од 2021 ноември до октомври 2024 година и во тој период редовно бил делегиран како помошник судија во англиските професионални лиги.

По пресудата веднаш се огласија и од Судиската организација на Англија од каде што информираа дека Викарс бил суспендиран веднаш откако обвиненијата се појавиле во јавноста и од тој момент не бил делегиран на ниту еден натпревар.

Фото: Milton Keynes RA/X