
Ѓоковиќ во историски меч го доби Хрватот Чилиќ во Шангај! (ВИДЕО)
Првиот сет донесе изедначена игра, а Чилиќ при рзултат 5-5 имаше две шанси за брејк кој не ги искористи, па се одлучуваше во тај-брејк. Таму Ѓоковиќ подобро се снајде и со 7-2 поведе со 1-0.
Во вториот сет за Ѓоковиќ беше доволен еден брејк за да дојде до конечен триумф, Успеа српскиот тенисер да одбрани и две брејк топки при водство од 5-4.
За Ѓоковиќ и Чилиќ ова беше 22 меч, а Новак води со 20-2. Важно е да се каже и дека Ѓоковиќ и Чилиќ кои имаат по 37 и 38 години го одиграа „најстариот“ меч во историјата на Мастерс турнирите.
Следен противник на Новак ќе биде Германецот, Јаник Ханфман кој ее 159. тенисер на АТП листата.
Фото: EPA