
Голема бура во Шпанија, а виновник е Јамал!
Де Ла Фуенте го повика и Ламин Јамал, а тоа не му се допадна на тренерот Ханси Флик и останатите во Барселона.
Имено, Јамал неодамна имаше повреда поради која пропушти четири натпревари, но се врати на теренот минатата недела за натпреваот со Сосиедад, но потоа беше стартер и одигра 90 минути во поразот од ПСЖ во Лигата на шампионите.
Од Барселона бараа Де Ла Фуенте да го поштеди Јамал, меѓутоа шпанскиот селектор тоа не го интересираше премногу.
„Ме изненади реакцијата на Флик затоа што и самиот беше селектор и претпоставував дека знае како одат работите. Ме обвинил дека не се грижам за Јамал? Веќе не се сеќавам што кажа и не ми е гајле“, остро одговори Де Ла Фуенте.
Инаку, претходно Флик отворено го критикуваше селекторот на Шпанија дека не се грижи за своите фудбалери.
Фото: FC Barcelona/X