Скандал во Шангај: Тенисер со рекет ја гаѓаше публиката – ама не го избркаа (ВИДЕО)

Холандскиот тенисер, Ботик ван де Зандшулп, предизвика голем скандал на стартот од Мастерс турнирот во Шангај, откако во првото коло фрли рекет кој заврши во публиката и за малку не удри неколку гледачи.

Инцидентот се случи по изгубен сервис во првиот сет против Португалецот Нуно Боргеш. Фрустрираниот Ван де Зандшулп најпрво ја испрати топката надвор од стадионот, а потоа со бес го фрли рекетот кон трибините. Иако вакво однесување според правилата носи директна дисквалификација, судијата одлучи да му додели само опомена. Одлуката предизвика неверување кај присутната публика, но и реакции во светските медиуми.

По инцидентот, холандскиот тенисер целосно ја изгуби концентрацијата и мечот го заврши со пораз во два сета.

Posts from the tennis
community on Reddit