Од врвот до банкрот: Легенда на Ливерпул заглавена до гуша - должи 1,5 милиони фунти!

Поранешната легенда на Ливерпул, Џон Барнс, кој ќе остане запаметен по неговите настапи во англискиот гигант, во моментов се соочува со сериозни финансиски проблеми.

Барнс помина дури 10 години во Ливерпул и беше еден од најдобрите фудбалери на клубот, а во дресот на премиерлигашот одигра 314 натпревари и притоа постигна 84 голови.

По завршување на кариерата, Барнс работеше и како тренер, но не беше успешен како во најдобрите фудбалски денови.

Во последните години имаше обиди да започне неколку бизниси, но тоа само му направи сериозни проблеми, па мораше да прогласи банкрот и во моментов должи 1,5 милиони фунти.