
„Ѓоковиќ не планира да се пензионира, ќе игра и во 2026 и 2027 година“
Марк Ноулс, поранешен број 1 во двојки и трикратен освојувач на Гренд слем трофеи, како и тренер на Џесика Пегула, е уверен дека Ноле ќе игра уште најмалку две години.
„Она што го слушнав е дека Ѓоковиќ планира да игра во 2026 и 2027 година. Очигледно е дека воопшто не размислува за пензионирање. Тој сака предизвици и продолжува да верува во себе. За мене е очигледно дека е фокусиран на освојување на Гренд слем број 25. Не треба да очекуваме премногу од него на други турнири. Не верувам дека некој тениски смртник може да ја најде мотивацијата да продолжи да игра по сè што постигнал, но тој може. За љубителите на тенисот, неговата одлука да игра е многу важна, бидејќи сите сакаме најдобрите да играат засекогаш“, изјави Ноулс во еден поткаст.
Ѓоковиќ вчера пристигна во Шангај пред настапот на Мастерсот во овој град, а тоа ќе биде неговиот прв настап надвор од Гренд слем турнирите уште од мај, кога ја освои својата 100-та титула во Женева. Очигледно, одлуката на српскиот ас да игра во Кина е најдобар знак дека неговото пензионирање не е на повидок.