Големи проблеми за Слот: Ливерпул доби ужасни вести пред дербито со Челси

Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер, ќе го пропушти дербито против Челси откако се здобил со повреда.

Тренерот Арне Слот по натпреварот против Галатасарај потврди дека бразилскиот репрезентативец нема да биде на располагање за претстојниот дуел.

„Никогаш не е добро кога играч излегува од игра на таков начин. За жал, Алисон нема да може да игра против Челси“, изјави стратегот на „црвените“.

Повредата на првиот голман е сериозен удар за Ливерпул, имајќи предвид дека токму Алисон е еден од најважните членови на англискиот шампион.

Фото: Facebook/Liverpool FC