
Астон Вила конечно победи, прв триумф оваа сезона! (ВИДЕО)
Фулам имаше фантастично отворање на резултатот, во третата минута поведе со гол на Раул Хименез.
На Астон Вила и требаа 37 минути за да дојде до израмнување, тогаш Оли Воткинс убаво се снајде и израмни на 1-1.
По четири минути игра во вториот дел Мегин постигна гол за комплетен пресврт и водство на Астон Вила од 2-1.
Само две минути подоцна гол даде и Буендиа поставувајќи ги конечните 3-1.