Ѓорческа повторно е во топ-200 и на 28 места од најдобриот пласман во кариерата

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа петта недела по ред бележи значаен скок на ВТА листата.

Благодарение на пласманот во четвртфиналето на турнирот во Куршумлиска бања, таа напредуваше за девет позиции на најновиот ранкинг и по подолго време се врати меѓу најдобрите 200 во светот. Од денеска таа е на 198. позиција на ВТА листата што е за 28 места зад нејзиниот најдобар пласман во кариерата. До крајот на сезоната има уште нешто повеќе од еден месец и Ѓорческа може да напредува уште повеќе.

Оваа недела таа требаше да учествуваше на турнирот во бугарскито град Пазарџик, но го откажа својот настап и ќе одмори по подолго време.

Што се однесува до врвот на ВТА листата, таму нема никакви промени во редоследот меѓу најдобрите 15. И натаму убедливо води Арина Сабаленка со тоа што Швјонтек ја намали разликата за 500 бода откако триумфираше на турнирот во Сеул.