
Невидена доминација на Кејн: Уште е септември, а тој веќе има 13 гола за Баерн
Досега има само два, освоени со Баерн минатата и оваа сезона, а можеби премногу време помина во дресот на „прколнатиот“ Тотнем каде остана покус за куп успеси во кариерата. Кејн е најдобар стрелец во историјата на англиската репрезентација, две години по ред прв голгетер во Бундеслигата, а веројатно така ќе биде и оваа, ако оди според она како почна.
За само седум официјални натпревари за Баерн од почетокот на кампањата, Хари Кејн веќе има 13 гола на своето конто, а сезоната за него почна на 16 август што значи дека поминале едвај пет недели. Притоа постигна два хет-трика, а ако се земат предвид и натпреварите за репрезентацијата, бројката на голови стигнува 14. До крајот на септември, Баерн има уште два меча што е можност за Кејн дополнително да го подобри своето конто.
Од неговото доаѓање во Баерн во 2023 година, Кејн е убедливо најефикасен играч во Европа со 98 гола на 103 натпревари. Два му требаат за да влезе во „клубот 100“ на Баерн во кој до моментов се само 18 фудбалери во историјата на клубот. Ако на следните два меча успее да постигне два гола, Кејн се израмни со Роналдо и Халанд како фудбалери кои најбрзо стигнале до троцифрен број погодоци во дресот на еден клуб. Рекордот е 105, а Кејн ќе има шанса да го собори в петок против Вердер.