
Гарабаја: ПСЖ има супер-тим, ќе мора да дадеме сè од себе!
Гарабаја призна дека парижаните имаат одличен тим, но битолчани ќе се обидат да му наштетат на ривалот и да му направат проблеми во Париз.
„Мораме да се фокусираме на самите себеси, за да напредуваме секојдневно. Треба да се фокусираме на добрите страни на ПСЖ и да го дадеме најдоброто од себе. Да се обидеме да бидеме ефективни и ништо да не му биде лесно на ривалот. ПСЖ има супер-тим, со супер-ракометари и одличен тренер. Добро е што играме со нив на почетокот на сезоната, бидејќи секојдневно ќе напредуваат. Во Париз нема да ги имаме нашите навивачи, нашиот осми играч, но сигурно ќе ја почувствуваме нивната поддршка“, кажа Гарабаја.
Дуелот меѓу ПСЖ и Пелистер се игра на 18 септември од 20.45 часот.