Ѓорческа не успеа - два пати имаше брејк предност, но го загуби финалето

Најдобрата македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да го освои трофејот на турнирот во Букурешт откако во денешното финале загуби од Австријката, Лили Тагер со 1-2 (4-6, 6-3, 4-6).

Мечот траеше 2 часа и 35 минути, а Ѓорческа ја испушти својата шанса во третиот сет во кој два пати имаше брејк предност. Водеше со 2-0 и 3-2, потоа при 3-3 имаше две брејк-топки, но не ги искористи и на крајот доживеа целосен крах. Во десеттиот гем, при водство на Тагер од 5-4, беше 0-40 за Австријката, Лина одбрани три брејк-топки, но не успеа четвртата и го загуби мечот.

Ова беше трето финале за Ѓорческа во низа, по оние во Куршумлијска бања и Собослија. Како резултат на тоа, утре ја очекува нов скок на ВТА листата, но нема да влезе меѓу најдобрите 200 во светот за што ѝ беше потребна титула на турнирот во Букурешт.