
Шизофренија на најјако: Платеници на Маракана тепаа навивачи затоа што скандираат против Вучиќ (ВИДЕО)
Речиси нема натпревар во Србија без скандирања против актуелниот режим и претседателот Александар Вучиќ со таа разлика што последните недели е забележан нов начин за обид за замолчување на оние кои го прават тоа. Прво на Европското кошаркарско првенство во Рига, а сега и на натпреварите на домашен терен, тепачи-платеници седат на трибините и ги напаѓаат оние кои се осудуваат да пеат или скандираат против „главниот“.
Синоќа тепачите беа распоредени во долните делови од трибините и веднаш штом почнаа скандирањата, им се пуштија на навивачите, при што оние кои беа со мали деца мораа итно да се евакуираат за да не дојде до посериозни повреди. Најинтересно е тоа што полицијата не реагираше, туку мирно гледаше како багабонти, дилетанти и криминалци воспоставуваат ред на стадионот.
Сепак, не помогна ќотекот бидејќи скандирања против Вучиќ, српките власти и селекторот Драган Стојковиќ кој е миленик на претседателот, имаше во текот на сите 90 минути.