
Шок во Германија: Селекторот се повлече пред четвртфиналето на ЕП
Мумбру заврши во болница пред почетокот на Европското првенство (ЕП), па за неговиот тим се грижеше помошникот Алан Ибрахимагиќ.
Шпанецот го следеше стартот на турнирот од болница, но потоа се врати на клупата во мечот од осминафиналето против Португалија. Сепак, повторно имаше здравствени проблеми.
Откако заврши осминафиналето на ЕП, селекторот реши да се повлече од функцијата до крајот на турнирот, па на кормилото ќе биде Ибрахимагиќ.
Фото: FIBA