Алекс Маркез триумфира во Каталонија и ја прекина доминацијата на неговиот брат!

Возачот на Гресини, Алекс Маркез триумфира на трката за Големата награда на Каталониај и зад себе го остави неговиот брат Марк Маркез.

Марк Маркез беше во одлична серија од седум победи по ред, меѓутоа Алекс овој пат успеа да заврши пред него. Зад браќата Маркез заврши Енеа Бастијанини на третата позиција, додека во топ-5 следат Педро Акоста и Фабио Квартараро.

Лидер во генералниот пласман е повозрасниот од браќата Маркез со 487 бодови, додека Алекс е втор со 305 поени, а третата позиција му припаѓа на Франческо Бањаја со 237 бода.

Следната трка во Мото ГП ќе се вози на 14 септември.

Фото: EPA