
Ферстапен извозе спектакуларен круг и постави рекорд во Монца
Со тоа, холандскиот возач постави и нов рекорд на патеката, односно најбрзо време извозено кога било во историјата на култната патека на северот на Италија. Досегашниот рекорд го држеше Луис Хамилтон од 2020 година кога оствари време од 1:18,887. Кругот што го извозе Ферстапен влезе меѓу рекордите и како најбрз кога било според просечната брзина која изнесуваше безмалку 265 километри на час.
Покрај сето ова, Ферстапен го помина Себастијан Фетел по бројот на освоени пол позиции во болидот на Ред Бул и сега има 45.