
Детали од договорот: Позната е платата која Елмас ќе ја добива во Наполи!
Во меѓувреме италијанските медиуми откриваат детали од договорот меѓу двете страни.
Според новинарот, Николо Шира, се работи за договор 1+4, односно позајмица во првата сезона, со опција за перманентен договор од четири сезони.
Елиф Елмас ќе има плата од 3 милиони евра по сезона која во целост ќе му ја плаќа Наполи и во периодот на позајмица.
Тие за позајмицата ќе платат 2 милиони евра, а по сезоната ќе можат во целост да го откупат за 12 милиони евра.