Две кола, два кикса: Атлетико уште нема победа (ВИДЕО)

И покрај потрошените 175 милиони евра за засилувања во летниот преоден рок, Атлетико на очаен начин ја почна новата сезона во Ла Лига.

Откако во првото коло загуби на гости кај Еспањол, мадридскиот тим денеска одигра само 1-1 со Елче пред своите навивачи. Диего Симеоне се одлучи за исклучително офанзивна варијанта, со своите двајца врвни голгетери во стартниот состав Сорлот и Алварез, но тоа не даде голем резултат.

Сорлот одлично почна, во осмата минута го отвори резултатот, но Рафа Мир само седум минути подоцна израмни и со тоа го постави конечниот резултат. Во останатите 75 минути, плус судиските продолженија, Атлетико доминираше, но не успеа уште еднаш да ја затресе мрежата на гостинскиот тим.

Така, по две кола Атлетико има само еден бод, а првата победа ќе ја бара идниот викенд на гости кај Алавес.