Кристал Палас се измачи против Фредрикштад, лесна победа за Фиорентина (ВИДЕО)

Вечерва беа одиграни голем број натпревари во плејоф-серијата на Лига Европа и Конференциската лига, при што премиерлигашот Кристал Палас стигна до победа против Фредрикштад, но потешко од очекуваното (1-0), додека Фиорентина славеше со 3-0 против Полиса Житомир.

Стрелец на единствениот гол за екипата од Лондон беше Матета во 54. минута, додека во поголемиот дел од мечот норвешкиот состав успешно се бранеше од нападите на премиерлигашот.

Фиорентина славеше со убедливи 3-0 против екипата од Украина, а до водство стигна со автоголот на Кудрик, додека во продолжение стрелаа Госенс и Гудмундсон.

Фото: Facebook/Crystal Palace Football Club