Шкендија гради силен тим за Европа: Беќири најави уште две-три засилувања!

Македонскиот фудбалски шампион Шкендија оствари триумф против Лудогорец со 2-1 во првиот меч од плејофот во Лига Европа, а тренерот Јетон Беќири по дуелот зборуваше за ангажирање на нови засилувања.

Шкендија гради силен тим за настап во Европа, зашто веќе има обезбедено најмалку пласман во групната фаза на Конференциската лига, а може да заврши и во групите во Лига Европа доколку извлече позитивен резултат во реваншот против бугарски Лудогорец.

„Не е вистина дека ќе замине Тамба. Од утре на тренинг ќе се приклучи и Мазари, а во следните денови ни доаѓаат уште две-три нови засилувања. Сакам да создадеме силен тим за настапот во Европа“, кажа Беќири.