Пелистер го доби македонското дерби против Вардар на турнирот „Крсте Андовски“

Македонскиот ракометен шампион Пелистер славеше против вечниот ривал Вардар со 28-23 на меморијалниот турнир „Крсте Андовски“ во Охрид.

Првото полувреме понуди неизвесен ракомет на почетокот, по што Пелистер со серија од 4-0 го презема водството (8-5), кое успешно го чуваше до крајот на првиот дел (12-10).

Вардар на стартот на вторите 30 минути успеа да израмни на 12-12, но потоа почнаа проблемите за „црвено-црните“ во нападот, а тоа знаеше да го искористи македонскиот шампион и да слави со 28-23.

Пелистер утре од 16.30 часот игра против Динамо Панчево, додека Вардар ќе се соочи против Тримо Требње.