
Руи Мота: Не помогна ниту анализата, примивме два лесни гола од Шкендија
Мота посочи дека почетокот на натпреварот бил добар за неговата екипа, но потоа почнале проблемите и тоа знаела да го искористи Шкендија.
„Добро го почнавме натпреварот, игравме како што барав, потоа постигнавме гол и престанавме да играме. Почнавме да губиме топки, игравме како што Шкендија сакаше да играме, тие имаат брзи играчи што се опасни на контри и примивме два лесни гола. На ваков терен треба да играш поедноставно за да не ги губиш топките. Ја анализиравме Шкендија и знаевме дека имаат силни страни, дека имаат брзи крила и знаевме дека не смеевме да губиме топки. Но без разлика на анализата, токму така ги примивме головите“, вели тренерот Руи Мота.
Реваншот меѓу Лудогорец и Шкендија се игра во Разград следниот четврток од 19.30 часот.