Алкалоид го „нокаутира“ Слован Љубљана за „пет од пет“ во подготовките!

Македонскиот ракометен гигант Алкалоид славеше во пријателскиот меч против Слован Љубљана со 31-30 и го запиша петтиот триумф во подготовките за новата сезона.

Алкалоид на полувреме имаше негатива од 14-18, меѓутоа екипата од Автокоманда успеа да се соземе во вториот дел и да оствари победа од 31-30.

Тимот од Автокоманда претходно триумфираше против Прилеп, Дубочица, Сесвете и Целје, а им следи и дуел против Шкофја Лока во Словенија.

Фото: RK Alkaloid