
Србија ја демолира и Словенија пред почетокот на Евробаскетот
Србија одигра совршен натпревар против Словенците и го уништи противникот уште на полувреме кога водството изнесуваше 28 поени.
Словенија не успеа да ја врати неизвесноста во продолжение од средбата, па така Србија го оствари и седмиот триумф во подготвителниот период.
Никола Јовиќ беше најефикасен со 18 поени и седум скокови во победничкиот тим, додека Лука Дончиќ постигна 17 поени, седум скокови и четири асистенции за Словенија.
Фото: EPA PHOTO