Ибраими го матира голманот на Лудогорец и обезбеди пресврт на Шкендија (ВИДЕО)

Шкендија успеа да го сврти резултатот во своја корист против бугарски Лудогорец (2-1) во плејофот во Лига Европа.

Напаѓачот на македонскиот шампион, Бесарт Ибраими се најде во одлична позиција и без многу проблеми го матира голманот Серџо Пат.