Тотнем извиси, Арсенал си обезбеди мега-засилување

Иако Тотнем беше во завршна фаза од преговорите и се очекуваше да потпише договор, најдобриот играч на Кристал Палас, Еберечи Езе ќе ја продолжи кариерата во Арсенал.

„Топчиите“ пред два дена се вклучува во трката за неговиот потпис и тоа откако стана јасно дека Хаверц е повреден и ќе отсуствува подолго време. Кристал Палас ја прифатил понудата од 60 милиони фунти, па Арсенал ќе има мега-засилување во обид конечно да го прекине дводеценискиот пост и да освои титула во Премиер лигата.

Езе ќе биде седмо засилување за Арсенал во летниот преоден рок, по Кепа, Зубименди, Норгард, Мадуеке, Москвера и Ѓекереш, а клубот со него ќе стигне до безмалку 250 милиони фунти потрошени за трансфери.