
Реми на Фенербахче и Бенфика, Бодо е веќе во ЛШ (ВИДЕО)
Двете екипи имаа свои шанси, но изостана реализацијата, па така патникот во лигашкиот дел од најелитното европско натпреварување ќе се решава во реваншот кога Бенфика ќе биде домаќин.
Фенербахче вечерва беше поблиску до победата, но избраниците на Жозе Мурињо не го искористија ниту тоа што португалската екипа од 71. минута играше со фудбалер помалку откако исклучен беше Флорентино поради втор жолт картон. Ел Несири ја погоди мрежата во 82. минута, меѓутоа тој погодок беше поништен поради недозволена позиција.
Од преостанатите двојки, ако нема некое чудо во реваншот сигурен е Бодо Глимт кој го прегази Штурм Граз со 5-0, Базел и Копехаген одиграа 1-1, а без голови заврши и средбата помеѓу Селтик и Каират.
William Bøving (OG) | 🇪🇺 Bodo Glimt 5-0 Sturm Graz
— Goals Xtra (@GoalsXtra) August 20, 2025
Huge advantage before second legpic.twitter.com/jmPd55n3Yb
Фото: EPA