
Oхрид го доби и Партизан за втора победа на турнирот „Крсте Андоновски“
Охрид можеби влезе како благ фаворит, но Партизан одлично парираше се до 22 минута кога следуваше серијата со која охридскиот тим го одлучи натпреварот во своја корист. Во тие моменти на семафоро стоеше 12-11, а потоа следуваше серија од седум гола на Охрид со која поведоа со 19-11.
Српскиот тим ја прекина серијата со гол во последните моменти од првото полувреме за 19-12 на паузата.
Почетните минути од второто полувреме му припаднаа на Партизан кој со серија од пет гола дојде до два гола негатива (19-17). Сепак Охрид, тогаш одново „додаде гас“ и повторно создаде предност која не ја испушти и на крајот славеше со 30-25.
За Охрид ова беше втор триумф на турнирот откако во првиот натпревар беа подобри од Киндил од Фарски Острови со 39-25.