Хаверц се повреди, Арсенал експресно договори негова замена, а настрада Тотнем!

Германецот Каи Хаверц го пропуштил денешниот тренинг на Арсенал поради повреда и според последните информации го чека подолга пауза од терените, па лондонскиот клуб е принуден да реагира во финишот од преодниот рок.

Медиумите на Островот пренесуваат дека Арсенал веднаш по повредата на Хаверц го контактирал Кристал палас и отворил преговори за Ебречил Езе. Во претходниот период Езе на големо се поврзуваше со Тотнем, а наводно  самиот фудблаер прифатил трансфер во таборот на „петлите“.

Сепак, ако навистина Арсенал сериозно се вклучува во трката Езе би можел да размисли за трансфер во големиот градски ривал на Тотнем. 

Фабрицио Романо, објави и дека во Палас се подготвени да ја прифатат понудата од 60 милиони фунти, па ако тоа се покаже точно, потребно ќе биде само уште Езе да ги договори личните услови.

Фото: Arsenal FC/X