Ташовски: Од некаде мора да се почне, оваа победа значи многу за нас!

Македонија денеска го одигра последниот натпревар од претквалификациите во кои ја запишавме првата победа и тоа против Унгарија со 82-75, а еден од подобрите во нашите редови беше Виктор Ташовски.

Ташовски во клучните моменти од натпреварот додаде енергија на тимот и беше одлична поддршка на Џејкоб Вајли. 

„Конечно стигнавме до првата победа, можеби требаше и порано да дојдеме до неа, но мора од некаде да се почне, а тоа се случи денеска. Мoжеби резултатски не значеше ништо овој меч, но за нас како млада екипа, многу значи. Се надевам дека ќе продолжиме вака и ќе стигнеме до големо натпреварување. Одигравме одличен натпревар, поокажавме дека овој тим има квалитет кој во иднина може да се надградува“, изјави Ташовски.

Со овој триумф  Македонија се реваншираше на Унгарија за поразот на гости, но сепак не значеше ништо бидејќи нашите шанси за следна фаза веќе беа загубени.