
Прво реми во Охрид: Пелистер со гол на осум секунди до крајот избегна пораз
Почетокот на натпреварот донесе неизвесна битка во која ниту една од двете екипи не успеваше да направи поголема разлика од два гола која имаа и Пелистер и Тимо Требње. На крајот на паузата предноста беше за словенечката екипа, но само еден гол 14-15.
Првите минути од второто полувреме донесоа подобра игра на избраниците на Бранко Тамше кои стигнаа и до највисоките „плус пет“ (15-20).
Но, Пелистер не се откажа и успеа да се врати и да израмни на 26-26. Последните минути се водеше голема борба и двете екипи имаа шанса да го одлучат натпреварот порано, а битолскиот состав до ремито дојде со голот на Видомски на осум секунди до крајот.