
Шкендија брзо реагираше, доведе напаѓач од Вараждин
Мазари на почетокот на оваа година го напушти Работнички и се пресели во Вараждин за кој одигра само пет натпревари во минатата сезона и остана без гол или асистенција. Сезонава немаше настап во хрватското првенство.
Претходно во дресот на Работнички за една полусезона на 18 средби постигна осум голови и подели три асистенции.
Тетовскиот клуб мораше да го засилува нападот и поради заминувањето на Фабрис Тамба во Турција.
Мазари покрај Работнички во Македонија беше дел уште од Победа, Охрид и Струга.