
Хрватски третолигаш продаде фудбалер во МЛС за – шест милиони долари!
За брзоногиот крилен напаѓач се интересираа европски гиганти како Астон Вила, Фенербахче, Лајпциг, Севиља и ПСВ, но тим реши кариерата да ја продолжи во САД. Трансферот и официјално е потврден, но Алоко првиот дел од сезоната ќе остане во Кутошија и тоа позајмица. Тој постигна два гола и имаше десет асистенции, а с својата игра го привлече вниманието на селекторот Гернот Рор, кој го повика во сениорската репрезентација на Бенин. Дебито го имаше против Мароко, против кого одигра 24 минути.
Алоко важи за голем талент, а во интервју за хрватските медиуми откри дека соиграчите го нарекуваат „Пеле“, а англискиот јазик го совладал сам преку апликации за да се вклопи полесно во странска средина. Со овој трансфер, тој го урна рекордот на својот поранешен соиграч Микајил Фаје, кој во Барселона замина за пет милиони евра од таборот на третолигаш.