
Се заканува со породилно отсуство за да изнуди трансфер!
Хуан Круз сака да го напушти Леганец откако за неговите услуги интерес пројавија голем број на клубови. Се шпекулира со интерес на Рајо Ваљекано, Мајорка, Осасуна, Селта, Алавес од Шпанија и неколку други од Португалија.
Но, до овој момент Леганес ги одбива сите понуди и инсистира да се плати откупната клаузула која изнесува 10 милиони евра.
Таквиот цврст став на Леганес одврати дел од клубовите, но Рајо и Алавес останаа да се надеваат на некакво решение.
„Марка“ пренесува дека Хуан Круз размислува на досега невиден чекор во фудбалот во намерата да изнуди трансфер.
За разлика од вообичаената пракса кога фудбалерите одбиваат да тренираат и играат за што може да добијат казна од клубовите, Хуан Круз сака да земе породилно отсуство.
Тој наскоро ќе стане татко, а според шпанските закони има право да побара породилно отсуство од четири месеци во кои мора да му биде исплаќана целата плата.
Така Круз планира да не игра, а клубот не смее да го казни и мора да го плаќа. Ако Леганес не сака да се случи тоа, ќе треба да ја намали бараната сума за него и да го продаде на некој од заинтересираните.