И трет пораз за новата Македонија, квалификациите за СП остануваат само сон (ФОТО)

Македонската кошаркарска репрезентација нема да игра во квалификациите за пласман на СП 2027, откако вечерва го претрпе и третиот претквалификациски пораз во исто толку натпревари, овој пат на гостински терен од Романија (66-79).

Отпорот на жолто-црвената подмладена чета траеше само во првите неколку минути, кога имавме водство 9-8. Од тој момент следуваше серија 14-4 на Романците, со која дојдоа до плус девет (22-13) и најавија уште една победа во меѓусебните дуели со нашите момци. Тоа не ја намали желбата кај нашите момци за изненадување, што се гледаше од константните обиди да се намали негативата. Првпат во тоа успеавме пред крајот на првото полувреме, кога дојдовме на минус еден (30-31), но и кога повторно нагло паднавме. Домаќинот потоа со идентични 14-4 замина со двоцифрена предност на одмор (45-34).

јдоа до минус три (66-69) и имаа шут за изедначување, кој за жал не го погодија. Тоа како да ги налути Романците, кои средбата ја завршија со десет поени во низа, за на крајот убедлив триумф со кој го обезбедија пласманот во следната рунда.

Џејкоб Вајли со 19 поени и 10 скока одново беше најдобар во македонскиот состав, каде што отскокнаа уште и Андреј Магдевски со 13 и Андреј Митревски со 11 поени. Македонија сега има скор 0-3, Романија има 3-0, а Унгарија 1-1 што значи дека на нашиот состав му останува само луда (неостварлива) теорија за да дојде до едно од првите две места во групата. Според неа, Унгарија в сабота треба да загуби дома од романските кошаркари, а потоа да ги победиме Унгарците во последниот меч в среда со најмалку 38 поени разлика.

Оваа средбата ќе се игра во Скопје во салата СРЦ „Кале“.